Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

! Chat ! Dragoljub Bekvalac

Go down

! Chat ! Dragoljub Bekvalac Empty ! Chat ! Dragoljub Bekvalac

Пишување  1937 Пет Ное 23, 2007 5:45 am

Уживам во Скопје

Покрај Нови Сад сум живеел и во Белград, Софија и други градови, но Скопје ми е во срцето. Сличен менталитет, прекрасен град, добри луѓе. Затоа велам дека во овие 8 месеци колку што сум тука вистински уживам во Скопје"

Драгољуб Беквалац, за пријателите Беки, е стратегот на Работнички К, кој повторно по повеќе од 30 години е жител на нашиот главен град. Имено, толкав период мина од кога Беквалац служеше ЈНА во Скопје, поточно во касарната во Ѓорче Петров. А дека не е само Скопје "негов" град да кажеме дека тој беше член на Тетекс од златните времиња кога овој клуб од Тетово играше во Првата лига во екс СФРЈ. Еве изминаа осум месеци од април кога раководството на Работнички К го ангажираше за прв тренер. Доволно долг период да се средат впечатоците, да се каже збор - два повеќе за Скопје, за неговото семејство, престојот во Работнички К.

"Секогаш сум објективен, така ќе се биде и овој пат. Покрај Нови Сад сум живеел и во Белград, Софија и други градови, но Скопје ми е во срцето. Особено драг град, ма прекрасен град. Ние имаме сличен менталитет, добри луѓе, феноменална средина за живеење и којзнае можеби некогаш ќе одлучам засекогаш да се преселам тука. Да кажам дека изминаа точно 8 месеци откако сум тука и морам да кажам дека вистински уживам во Скопје", вели Беквалац, кој не го крие своето воодушевување.

"Ме врзуваат убави спомени и од Тетово, но Скопје си е Скопје. Тука ги има најубавите кебапи во светот, најубавата рибја чорба во ресторанот 'Момир', најубавото еспресо во 'Мистер Џек' и 'Картел' каде обожавам да седнам со моите пријатели. Кога имам време се качувам на Водно, на една релаксација и психички одмор. Сум ги посетил и Охрид, Маврово и други места во Македонија. Навистина секогаш ќе носам во себе прекрасни впечатоци од тука. Сепак, кога сакам само одмор и кога нешто не ми по волја сакам да појдам во соборниот храм Св. Климент Охридски каде палам свеќа".

За тоа како излегува на крај со стресот кој го носи тренерската клупа Беквалац е објективен.

"Во светот постојат две категории тренери. Оние што добиле отказ и тие што ќе добијат. Значи нашата работа е проклета, но воедно и убава, има ли нешто поубаво да работиш нешто што најмногу го сакаш. Тука да не се лажеме, кога имаш успех егото знае да порасне. А, пак, напоредно со успесите има и неуспеси. Тоа е нешто нормално. Само сакам првите да бидат побројни".

Мотивацијата е многу важна работа, барем кога работиш со квалитетни фудбалери кои имаат мотив, и тоа каков со Болтон, но треба нешто повеќе да одиграат добро и со Шкендија 79, Напредок и сл...

"Нема нешто посебно. Само пред натпреварот кога играме со релативно послаб тим им го велам следното:' Момци, лесно е и убаво е да играш против голем и познат клуб. Но ајде да ве видам бидете фраери, бидете добри и против релативно понеатрактивни екипи'. Разбирате што сакам да кажам, се разбира без никого да навредам. А сакам моите фудбалери да бидат добри луѓе, не само добри фудбалери. Клубот го сфаќам како едно семејство во кое има разлики, понекогаш караници, но се знае кој е 'газдата'. Затоа настојувам да изградам и добри личности, кои ќе се почитуваат себеси, но и другите. А во врска со тренинзите тука немам милост. Сакам да направам од нив астронаути, така да бидат подготвени за секој меч".

На крајот нешто и за Работнички К, што недостига да се забележи уште еден мал чекор за овој клуб да биде и голем во европски рамки?

"Моја среќа што работам со најдоброто во Македонија. Имаме моќен спонзор со визија за нешто големо. Имаме прекрасни услови за работа. Лично имам голема слобода во мојот домен, како што и барав. Презадоволен сум од изминатите 8 месеци. А за Лига на шампиони или Куп на УЕФА треба нешто повеќе. Да не се лажеме, потребен е поголем буџет. Но знаејќи ги желбите на семејството Костовски се надевам дека во блиска иднина и тоа ќе се случи, само потребен е поголем оптимизам", заврши Беквалац.
1937
1937
Admin
Admin

Број на мислења : 22
Location : Austria ( Wien )
Registration date : 2007-11-23

http://www.fcrabotnicki.blog.com.mk

Вратете се на почетокот Go down

! Chat ! Dragoljub Bekvalac Empty Re: ! Chat ! Dragoljub Bekvalac

Пишување  1937 Саб Ное 24, 2007 7:34 am

lol!
1937
1937
Admin
Admin

Број на мислења : 22
Location : Austria ( Wien )
Registration date : 2007-11-23

http://www.fcrabotnicki.blog.com.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот